Луѓето родени во овој знак се самоуверени, умни и ведри. Токму поради тоа, тие се и најсреќни.
Според многу астролошки проценки, Близнаците се сметаат за најсреќниот знак во хороскопот. Тоа не е поради некоја посебна ситуација или причина во нивниот живот, туку поради тоа што тие се весели и ведри личности, кои секогаш гледаат позитивно.
Се смета дека овие луѓе се родени под среќна ѕвезда и дека се многу успешни и среќни и поради довербата која ја имаат во себеси и во другите. Тие не се конфликтни личности, сакаат да се дружат со луѓето и секогаш сакаат да помагаат.
Сепак, некои астролози го побиваат ваквото тврдење истакнувајќи дека сепак Лавовите се тие кои се најсреќни личности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.