| четврток, 6 декември 2018 |

Mу вперил оружје: Пијан велешанец се заканувал со пиштолот на неговиот зет

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против А.Р. (74) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “насилство“ и “недозволена изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 07.07.2018 година во Велес, по претходно настаната вербална расправија, пријавениот под дејство на алкохол, вперил пиштол „Застава“ калибар 7,62 мм, кој со дозвола го поседувал неговиот зет, кон Г.М. упатувајќи му при тоа, закани по животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top