| четврток, 6 декември 2018 |

Падна првиот снег во Македонија: Пелистер прекриен во бело

Врвот на Баба планина, Пелистер утрово под снежна покривка. Оваа фотографија ни пристигна утрово.

Како и што најавуваа метеоролозите, од денеска ќе имаме значајно опаѓање на температурите, а на повисоките места можни се и врнежи од снег.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветeр од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 10, а максималната од 12 до 18 степени.

И во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд.

Во вторник во попладневните часови облачноста насекаде ќе се намали, а во среда и четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повторно затоплување се очекува од петок.

Во продолжени прочитајте каква е и состојбата на патиштата низ Македонија:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Фото: Јонче Мурат Илиевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top