| четврток, 6 декември 2018 |

Пес скитник му го откина пенисот на 14-годишно момче

Куче скитник нападна 14-годишно момче, нанесувајќи му тешки повреди во пределот на гениталиите, пренесува „Дневни аваз“. Нападот се случил минатиот викенд во Зеница, БиХ, по што момчето веднаш било пренесено во операциона сала.

Според неговиот доктор на одделот за Урологија, момчето имало тежок оперативен зафат, но моментално е во стабилна здравствена состојба.

  • Се работи за дете родено 2004 година, кое го примивме во доста тешка состојба, но доста од раните се санираа успешно – изјавил докторот за босанските медиуми, додавајќи дека детето најмногу било изгризано на завршната третина на пенисот.

Според докторот, опоравувањето ќе биде подолго, бидејќи раните се наоѓаат на влажно место. Добро е што момчето веќе може само да мокри, но баш тоа го забавува процесот на зараснување на раните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top