Британската премиерка, Тереза Меј денеска ќе информира во Парламентот дека во преговорите со Европската унија (ЕУ) за напуштање, се завршени 95 проценти, но исто така ќе повтори и дека не се согласува со предлогот на ЕУ за копнените граници со Северна Ирска, пишува Ројтерс.
До планираното повлекување на Велика Британија од европскиот блок, останаа уште од прилика пет месеци.
Во обид да се нагласи колку е постигнат напредок за повеќе од една година во преговорите со ЕУ, премиерката денеска ќе им соопшти на пратениците колку Владата во последните три недели постигнала договор за сите прашања од Гибралтар за идната безбедноста.
Официјално, Кралството треба да ја напушти Унијата на 29 март, 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст