Четири лица се потешко повредени во четири од вкупно 32 сообраќајни незгоди што викендов се случиле во Скопје. Во 13 сообраќајки со телесни повреди се здобиле 33 лица, а во 15 сообраќајки била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто четириесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, девет возачи поминале на крстосница на црвено светло, четири возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, како и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница.
Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.
Од сообраќај, биле исклучени вкупно 65 возачи, од кои 25 кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 35 возачи пред да се стекнат со право на управување и пет возачи почетници, како и две технички неиспрани возила и 35 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 164 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 120 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст