| четврток, 6 декември 2018 |

Кашоги знаел дека „нешто“ може да му се случи, вереницата со часови го чекала пред конзулатот

Агенцијата Анадолија јави дека вереницата на Кашоги, Хатиџе Џенгиз е под 24-часовна полициска заштита. Капшоги на 2 октомври влегол во саудискиот конзулат за да земе документи кои му биле неопходни за да се венча со Џенгиз.

Таа со часови го чекала вереникот пред Конзулатот, и откако не се појавил, ги контактирала властите како што Кашоги претходно и кажал да направи.

Откако Саудиска Арабија потврди дека Кашоги е мртов, таа на арапски на Твитер напиша: „Го однесоа твоето тело од овој свет, но твојата прекрасна насмевка засекогаш ќе остане во мојот свет“.

Анадолија инфомира дека Џенгиз е под 24-часовна полициска заштита со одлука на канцеларијата на гувернерот на Истанбул.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека утре ќе објави детали за турската истрага за смртта на Кашоги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top