Против А.Н. (38) од Коњари, скопско, полицијата до Основно јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава поради споделена објава-коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, информираа од СВР Скопје.
Кривичната пријава од СВР Скопје, а во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, е поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 144 „Загрозување на сигурност“ и по чл. 394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија.
По издадена наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на 21.10.2018 година извршен е претрес на дом и други простории кај лицето А.Н. при што се пронајдени и одземени предмети во интерес на истрагата, а А.Н. е повикан на службен разговор во полициска станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст