| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка

На 18.10.2018 година во 17,30 часот во полициската станица Прилеп Г.Н.(53) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 12,30 часот во детска градинка на улицата ,,Марксова“ од страна на лицето В.И.(41) бил физички нападнат.

Истиот ден, околу 18,15 часот во Полициската станица Прилеп В.И.(41) од Прилеп пријавила дека околу 12,15 часот во детската градинка каде била вработена, додека вршела распределба на храната дошло до расправија со Б.Н.(47), исто така вработена во градинката, при што била навредувана со погрдни зборови.

По кратко време, според пријавеното, во градинката дошол сопругот на Б.Н., Г.Н. и почнал расправија со пријавителката и во еден момент физички ја нападнал.

Лицата се повикани на разговор во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top