Невладина организација од Солун ќе направи грчки весник што ќе се дистрибуира во земјава. Ова било најавено на еден од настаните во рамките на 11. конгрес на грчката дијаспора, што се одржа во северна Грција. „Дневник“ објави дека грчкиот весник што ќе се дистрибуира во Македонија ќе биде одговор на весникот на Македонците во Грција, „Нова зора“. Весникот ќе се печати на грчки, на англиски и на македонски јазик и треба да биде одговор на пропагандата што се шири преку „Нова зора“.
Инаку, со резолуција, која била усвоена на конгресот, грчката дијаспора истакнала дека никогаш нема да прифати Грција да постигне компромис со соседната земја за име што го содржи терминот „Македонија“.
„Не смее да се тргува со името „Македонија“, кое е историско и културно наследство што ѝ припаѓа исклучително на Грција“, се вели во резолуцијата на грчката дијаспора. Преку документот грчките иселеници од САД бараат во Грција да се одржи референдум за името, но и да се почитуваат правата на Грците што живеат во земјава.
„Македонскиот идентитет културно и историски е грчки. Не прифаќаме никаков концепт на македонски етнички идентитет и македонски јазик за други“, се вели во резолуцијата. Грчката дијаспора, исто така, бара договореното име да биде внесено во нашиот Устав и додаваат дека нема да прифатат црква што во името го содржи терминот „Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


