Во несреќата која вчера се случила на северот на Индија во Панџаб, кога патнички воз налетал на луѓе, загинале најмалку 60 лица, а повредени биле десетина, соопштила полицијата во таа земја.
Несреќата се случила кога на повеќе од илјада луѓе кои седеле на шините и околу нив, налетал патнички воз кој се движел со огромна брзина. На социјалните мрежи се појавиле страшни снимки на кои се гледа како возот влетува меѓу луѓето и ги гази.
“Луѓето седеле на шините и околу нив во предградието Амрикара, гледајќи како се палат кукли во рамките на прославата на фестивалот Душер, кога патнички воз налетал на нив”, изјавил полицаец.
Агенцијата “ANI” ги пренела зборовите на очевидците дека возот одел со голема брзина, а дека луѓето не го слушнале поради пукањето на петардите и огнометот.
Главниот министер на Панџаб, Амариндер Синг, изјавил дека ќе оди на местото на несреќата да ја надгледува спасувачката операција.
“Окружните власти се мобилизирани на највисоко ниво”, напишал Синг на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст