Рекорден џекпот од 1,6 милијарда доари треба да биде извлечен во вторник во американската лотарија, бидејќи ниту еден играч не го доби оној од милијарда во во петокот.
Премијата создаде долги редови во киосците и продавници за талони во 44 американски држави.
Мејвис Вончик, 53-годишна мајка од Масачусетс, го држи рекордот за најголема добивка, која во август 2017 година победи на џекпот од 758,7 милиони долари во лотаријата “Пауербол”.
Во јануари 2016 година, „Пауербол“ џекпотот достигна 1,58 милијарди долари, но беше поделен на тројца победници по 528,8 милиони долари.
Лотаријата “Мега Милионс” е формирана во 2002 година и е модифицирана неколку пати за да се намали веројатноста за победа на џекпот, што овозможи добивката редовно да расте за неколку стотици милиони долари.
Победникот кој ги има погодено сите броеви може да ја повекува добивката на 30 рати за 30 години, или веднаш да ја добие целосната сума, но намалена.
За разлика од многу други земји, американските лотарија добивки се оданочуваат, па така кај единствениот добитник во вторник таа би изнесувала 905 милиони долари по државната такса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст