| четврток, 6 декември 2018 |

Гледачите се жалат на ТВ серија:„Не можеме да спиеме, ни се слошува“

Серијата „The Hauting of Hill House“ следи приказна на едно семејство во „проколната“ куќа и мораат да се соочат со духовите на нивното минато. Некои живеат во нивните глави, а некои, можеби и’ навистина, седат со нив на една маса…

Првата епизода од телевизиската серија „The Haunting of Hill House“ имала своја премиера во петокот а гледачите се јавуваат и велат дека е толку страшна што имаат нуспојави. Многумина велат дека серијата „им втерала“ морници во коските и дека не можат да спијат.

„Ова е најстрашна серија, за гризење нокти и криење под кауч. Додека ја гледав серијата воопшто не дишев, скоро се онесвестив“, напишала една девојка на Твитер додека друга рекла дека чувствува силен стрес и дека повраќала.

Во пресрет на Ноќта на вештиците, Нетфликс пуштил хорор серија од девет продолжувања, која е адаптација на класичниот роман на Ширли Џексон од 1959. година. Во главните улоги се Карла Гаугино, Кејт Сигел, Михаел Хуисман, Елизабет Рејсер, Оливер Џексон – Коен, Хенри Томас и Тимоти Хатон.

Хоророт се бави со трауматични настани и психолошки ефекти кои се манифестираат преку ментални болести, тајни, лаги, предавства. Серијата ја следи приказната на едно семејство кое живее во „проколната“ куќа и мораат да се соочат со духовите од нивното минато. Некои живеат во нивните глави а некои можеби и’ навистина седат со нив на иста маса…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top