| четврток, 6 декември 2018 |

Џип откорна семафор, двајца завршија на Клиника по сообраќајката кај Веро Тафталиџе (фото)

Две лица се повредени и префрлени во Ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза” по сообраќајна несреќа што се случи денеска на булевар „Теодосиј Гологанов“.

Во сообраќајката учествувале автомобил марка „шкода“ и џип.

По ударот на двете возила, џипот завршил во пешакиот семафор во непосредна близина и целосно го откорнал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top