За универзитетската професорка Билјана Ванковска денеска е Ден на жалост. Според неа, синоќа почина парламентарната демократија.
Таа на социјалните мрежи напиша:
„Драги луѓе, не е знак на слабост или предавање кога се одбележува Ден на жалост. Синоќа почина парламентарната демократија. Почнаа со укинување на РМ. Дајте со пиетет па и солзи да го издржиме денот. Не барајте од мене или кој било друг волшебно стапче или решение. Не можам да одговорам на стотици и стотици загрижени прашања во инбокс. И јас тагувам. Но, животот нема да запре, битката продолжува. Lotta continua!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.