Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, го пофали гласањето во македонскиот Парламент за уставните измени за промена на името, велејќи дека тоа е добра вест и за Косово.
Харадинај, преку статус на социјалната мрежа Фејсбук, пишува дека евроатлантската ориентација на земјите од Западен Балкан е од витално значење за одржување на мирот и стабилноста во регионот.
-Гласањето во македонскиот Парламент за започнување на уставните процедури за промена на името е добра вест и за Косово и за регионот.
Визијата, храброста и политичката зрелост на раководство и на народот на Македонија беа клучни за да се издигнат над несреќното историско минато и да се стави крај на едно од најтешките несогласувања во регионот.
Евроатлантската ориентација на земјите од Западен Балкан е од витално значење за одржување на мирот и стабилноста во регионот, стои во Фејзбук статусот на Харадинај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст