Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајловска, Елизабета Канческа Милеска, Крсто Мукоски и Зеќир Рамчиловиќ се осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за заедничка Македонија чиишто имиња ќе бидат запишани со црни букви во последните денови на Република Македонија.
Северна – зашто нивното достоинство има цена. 2 милиони евра некому му завршиле работа. На Република Македонија ѝ турија пепел.
Предавници – зашто овие осуммина му обезбедија 2/3 од потребните пратенички гласови за отворање на Уставот за промена на уставното име на Република Македонија.
Власта не бираше средства да ги обезбеди нивните два прста, а тие, пак, не покажаа личен интегритет и водени од себични побуди го предадоа народот кого го претставуваат во законодавниот дом. Гласовите за нив биле јалови, довербата на партијата изиграна, народната волја погазена.
Лажна слобода во фингирани судски процеси, кули и градови, лажна слобода, пари – Македонија ја предадоа ситни души.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст