| четврток, 6 декември 2018 |

Каменос: Затвор ако не гласаш, два милиони евра ако гласаш, се срамам!

Коалициониот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос вечерва на „Твитер“ објави дека се срами што за оној што нема да гласа постои закана од затвор, а за оној што ќе се  покори – два милиони евра како награда.

„Кој ќе помислеше дека во Европа со вредности и демократија, оној кој нема да гласа по наредба ќе биде затворен, а кој се покорува на наредбите, добива бонус од 2 милиони евра црни пари. Јас сум засрамен“ – напиша Каменос на својот Твитер профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top