Најостро ги демантирам изнесените лаги дека претставници од мнозинството вршеле некаков притисок или на кој било пратеник му се нуделе пари, дека некој се заканувал или уценувал, посочи Костадин Костадинов.
Тој нагласи дека за изнесените невистини ќе бидат поднесени соодветни тужби до надлежните органи.
-Ваквото однесување на Христијан Мицкоски и антинародното и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги помина сите граници, нагласи тој, констатирајќи дека тоа е нездраво и ненормално особено за човек кој е генерален секретар на најголемата опозициска партија.
Тој им посочи на новинарите дека се најголеми сведоци за она што се случува во Собранието, наведувајќи дека пратениците слободно се движат и разговараат.
-Ги повикувам моите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да дејствуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот партиски лидер Мицкоски, нагласи Костадинов.
Тој посочи дека Македонија го продолжува патот кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.
На прашањата кои се однесуваа во однос на одлагањето на седницата, тој посочи дека прават напори за да се обезбеди фер и демократска атмосфера.
-Да ги ослободиме колегите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат слободно, рече Костадинов.
На прашањето што поточно значи „да се ослободат“ тој посочи дека „ќе се ослободат на начин кога раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема да прави притисоци за тоа кога и како ќе гласаат“, додаде Костадинов, посочувајќи „нека почне седницата за да видиме како ќе се одвива“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст