| четврток, 6 декември 2018 |

Јана Стојановска првпат прозборе за татковата смрт: „Не можам да го вратам, но тоа е судбината, така требало да биде!“

Познатата актерка Јана Стојановска во интервју за “Бекстејџ” првпат јавно проговори за смртта на својот татко, актерот Ненад Стојановски, и со солзи во очите откри дека болката поради неговата загуба никогаш нема да помине, но со текот на годините научила како да живее со неа притоа потенцирајќи дека доколку би можела да го врати времето апсолутно ништо не би менувала поради фактот што е свесна дека од судбината не се бега и дека така требало да биде.

Татко ми почина многу ненадејно и неочекувано. Имав само 13 години, тие години се доста проблематични за едно девојче. Ми беше тешко, многу, но со текот на годините и како почнав да растам и созревам полека почнав да сфаќам дека тоа болно искуство ме претвори во многу похрабра и попорбена личност и наместо да гледам со тага на целата таа ситуација, се трудам да извлечам нешто добро од неговата загуба и да продолжам напред со животот. Тоа е судбината, нема бегање од неа и така требало да биде. Ми недостасува секој ден, но не можам да го вратам”, вели Јана која минатата година беше дел од хит – серијата “Сенки над Балканот” каде ја толкуваше улогата на Јована.

Освен со глума, убавата Јана се занимава и со музика, честа гостинка е на концертите на маестралниот Раде Шербеџија, а наскоро јавноста ќе има можност да чуе две нови теми кои се нејзино автобиографско дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top