Вчера околу 13 часот во Полициска станица Гевгелија, од вработен во „Негорски бањи“, било пријавено дека на локалниот пат кај комплексот Негорски бањи, П.Ф. (40) полициски службеник од Р. Унгарија, бил пронајден паднат на земја без знаци на живот.
Тој со негов колега заминал да џогира околу хотелскиот комплекс, по што во еден момент паднал. Од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство.
Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институт за судска медицина за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст