| четврток, 6 декември 2018 |

Холивудската актерка била исфрлена од авион (Видео)

Американската актерка Тара Рид заедно со нејзиното куче била исфрлена од авион на авионската компанија „Делта ерлајнс“, откако направила инцидент пред полетувањето.

Ѕвездата од филмот „Американска пита“ требала да патува од Лос Анџелес до Њујорк, но поради нејзините барања и непријатни сцени била исфрлена од леталото.

Како што пишуваат порталите, Тара влегла во авионот и седнала на своето место кога сфатила дека тоа не е покрај прозорецот иако наводно на билетот било назначено како такво.

Потоа се жалела на неудобност бидејќи немала перница што ќе ѝ ги олесни болките во мускулите, а главниот виновник, како што навела, бил патникот пред неа кој го спуштил седиштето.

Со оглед на тоа што упорно се жалела, членовите на екипажот не успеале да го решат проблемот со актерката, па Рид била замолена да излезе од авионот.

Четириесетгодишната актерка се огласи на социјалните мрежи тврдејќи дека немало инциденти, а таа по своја волја го напуштила леталото. Наведе дека од компанијата ѝ направиле проблем затоа што со себе го зела своето милениче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top