
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година. Предметот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште беше извршен јавен увид на возилото „опел омега“, кое е дел од доказниот материјал за случајот.
На увидот присуствуваа судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, обвинителите од СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, како и адвокатите на одбраната и оштетените, но и новинари и стручна јавност.
За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


