Во македонското Собрание денеска продолжува расправата за потребата од уставните измени. Не се исклучува можноста дискусијата да биде исцрпена и да се пристапи кон гласање, со оглед дека опозициските пратеници претходно ги откажаа дискусиите.
Останува нејасно дали во Собранието ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство, колку што е потребно да се пристапи кон уставните измени како една од обврските од Договорот од Преспа.
– Верник сум, верувам во чуда, па и во двотретинско мнозинство – изјави вчера премиерот Зоран Заев и уште еднаш ги повика пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка на Договорот од Преспа и да ги поддржат уставните измени.
Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека се единствени и дека нема да поддржат промена на Уставот со цел промена на уставното име на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


