Дилеми во македонската јавност откако Нова демократија побара од Владата во Атина да ги објави податоците за тајните фондови за кои Каменос тврди дека ги злоупотребувал министерот Коѕиас.
Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија побара од грчката Влада да ги објави сите податоци што ги поседува за располагањето со тајните фондови.
Во соопштение под наслов „Ципрас, Каменос и Коѕијас да ги објават нивните доверливи тајни“, партијата нагласува дека она што го пишуваат медиумите во врска со раководењето со тајните државни фондови е важно политичко прашање.
– Господинот Каменос кој го обвини господинот Коѕијас за нетранспарентност во располагањето со доверливите фондови на Министерството за надворешни работи, треба уште денеска да ги објави сите податоци што ги има. Како и господинот Коѕијас кој очигледно неслучајно побара да се проверат средствата со кои раководи Каменос како министер за одбрана. Управувањето со државните фондови не се однесува само на рамнотежата во Владата и на меѓусебно уценетите нејзини лидери, туку и на целото грчко општество. Владата и лично Ципрас треба на граѓаните да им дадат јасни одговори – се наведува во соопштението на Нова демократија.
Грчките медиуми тврдат дека дел од тајните фондови на грчкото МНР биле трошени и за преговорите за името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каменос ја почна партиската конвенција со „Калашников“ (видео)
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Каменос: Договорот за името нема да биде ратификуван
-
Каменос: Избори на крајот од мандатот или кога ќе треба да се донесат одлуки за националните прашања