-ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје од една страна и Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија од друга страна имаат склучено Договор за јавно приватно партнерство.
Согласно цитираниот договор Приватниот партнер има можност да го раскине договорот на сопствено барање кое ќе го достави во писмена форма до Јавниот партнер – изјавија од компанијата за Република, по повод нивната одлука да се повлечат од стопанисувањето со Македонско село.
-И покрај нашите напори, инвестиции и надеж за безпрекорно функционирање на Комплексот Македонско село кој е единствен од таков вид, и покрај нашата желба и вложувања како на големи финансиски средства така и на човечки ресурси со цел економски рентабилно работење, по извршените анализи во текот на овие две години од кога стопанисуваме и управуваме со наведениот комплекс, со жалење мора да констатираме дека Комплексот работи исклучиво со загуба. Од таа причина, покрај сите вложени напори како и по извршени дополнителни анализи, со жалење донесовме одлука да го раскинеме Договорот за јавно приватно партнерство – информираат од Тинекс.
Од Влада на РМ денеска најавија дека на концесионерот на „Македонско село“ за еднострано раскинување на договорот ќе му биде активирана гаранцијата за квалитетно извршување на договорот во износ од околу 43 илјади евра и подмирување на закупот за наредните шест месеци.
-Владата, од друга страна, на наредна седница ќе достави информација за целосната постапка што произлегува по раскинување на договорот и потоа ќе донесе одлука за натамошно постапување со комплексот – соопшти директорот на Служба за општи и заеднички работи на Владата на РМ Пеце Мирчевски, кој како што информираше денеска имал средба со претставници на концесионерот на „Македонско село“ Тинекс и Квинс хотел на која го повториле ставот за еднострано раскинување на договорот и за обврските што произлегуваат од тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Тинекс“ и „Квинс“ хотел ќе ја платат гаранцијата од 43.000 евра и кирија за наредните шест месеци за „Македонско село“
-
Сообраќајна несреќа се случи на патот кон комплексот Македонско село
-
ЈСП со нова автобуска линија и нов возен ред
-
ВМРО-ДПМНЕ ги постави македонското село и земјоделските политики на вистинското место