| четврток, 6 декември 2018 |

Полициска акција во Крушево: Вработени во шумско претпријатие вршеле нелегална сеча и се шетале со автомати?

 

Во моментов во Крушево се одвива полициска акција против дрвокрадци, а во акцијата според првичните информации е уапсен и контролорот ѕа превоз во ЈП „Липа“ Крушево. Претходно, „Инфомакс“ објави дека лицето Ј.Ј. било вработено во ЈП „Липа“ Крушево без договор за вработување, туку со договор во четири очи помеѓу Ј.Ј. и директорот на ЈП „Липа“ Спасе Стојчевски.

Повикувајки се на неофицијални информации, порталот јавува дека Ј.Ј. како контролор за превоз во ЈП „Липа“ Крушево, издавал одобренија за сеча и собирање на дрва на име на „отпадно дрво“, за дрва од прва и втора класа.

Имено, Ј.Ј. заверувал одобренија на лица кои сечеле првокласни огревни дрва за одредена сума на пари кои противправно ги присвојувал, а одобренијата за сеча и превоз на дрвата на територија на Крушево, Демир Хисар и Ресен биле лажно пријавувани како дрвен отпад. Дрвата, односно одобренијата Ј.Ј. ги наплатувал од 1 500 до 2 000 денари по метар кубен.

Крушевчани пак, неколкупати се обратиле до редакцијата на Инфомакс со барање за реакција поради однесувањето на Ј.Ј. кој со автоматска пушка се шетал низ градот и се однесувал како локаен „шериф“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top