| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов за обвинението против Михајловски: Не не плашите, туку правите човек уште пожестоко да се бори

Секој нормален, кога ќе го слушне името на изродот Тричковски, знае дека се работи за ментално пореметена особа, лудак со тешки човечки и духовни исцимувања, кој цела своја омраза, фрустрација, гнев и чемер ги блуе по социјалните мрежи, но и по портали, а колку што знам и во една газетка. Е за оваа сподоба првиот меѓу новинарите Насер Селмани видел закана од Тони Михајловски во негов ФБ статус, а македонското обвинителство опасност, за која од македонското судство ќе бара казна минимум 5 години, па нагоре! Пораката дека секој од нас кој пишува и говори против оваа фашистичка хунта ќе биде апсен е од давна примена, но по не знам кој пат ќе ви повторам, не само што не не плашите, туку правите човек уште пожестоко да се бори до ваша конечна елиминација, од политичка сцена. Познато ви е дека трите најголеми мотиви што го движат човекот се: Љубов, пари и одмазда. Не трба да ви потенцирам дека најсурови се од одмазда – напиша аналитичарот Александар Пандов, револтиран од одлуката на ОЈО да покрене обвинение против актерот Тони Михајловски за закана кон новинарот Бранко Тричковски, упатена преку социјалните мрежи.

Тричковски пак за Пресинг Тв изјавил дека се заканите ги чувствува како сериозни и поради тоа Михајловски треба да биде кривично гонет.

На прашањето до Тричковски дали очекува Обвинителството и него да го гони за повиците преку колумни и социјални медиуми за ликвидација на претседателот Иванов, екс премиерот Груевски и опозицискиот лидер Мицкоски, тој одговара:

Моите обраќања во колумни во разни форми и на социјалните мрежи се високо естетизирана литературна политичка проза. Само неписмени луѓе и будали во тие обраќања можат да прочитаат смртни закани или говор на омраза и кон претседателот на државата и кон бившиот премиер и кон сегашниот лидер на опозицијата . Првата разлика е во таа литетрурна димензија во метафориката, а втората работа е што моите обраќања се однесуваат на највисоки вршители на власт, не се однесуваат за обични граѓани. Тие вршители на власт се одговорни за општите состојби во државата.

Тони Михајловски за „Република“: Не сум повикал на убиство, метафорично реков…

Михајловски пак за Република изјави:

Не сум повикал. Метафорично реков, исто како што можеме да „убиеме” за цигара, кафе, сендвич и сл. Дури и си побарав прошка во статусот за изречената мисла. Секако прошка од Бога.

https://republika.mk/971084

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top