Контроверзниот 27 годишен Хрват Анте Фириќ познат како еден од учесниците во големата тепачка на српското фудбалско дерби лани меѓу Црвена Ѕвезда и Партизан загинал на автопатот А3 крај Иваниќ Град, пренесува „Јутарњи лист“.
Според Јутарњи Фириќ загинал при обидот да го премине автопатот, на него налетале три автомобили со голема брзина.
Анте Фириќ инаку, беше во групата на сплитски хулигани кои предизвикаа голема тепачка на дербито на стадионот на Партизан во Белград. По тој инцидент хрватскиот навивач мина неколку месеци во затвор по што бил депортиран во Хрватска.
-Додека возев на патот забележав мртов човек. По овој пат минувам секое утро и досега никогаш не сум видел нешто вака страшно, изјавил на хрватските медиуми еден очевидец.
Засега ,не се познати причините поради кои Фириќ се обидел да го премине автопатот во раните утрински часови во вторник кога и загинал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.