| четврток, 6 декември 2018 |

Одреден притвор за убиецот на Мартин Јанушев кој сеуште е во бегство

Основното јавно обвинителство Скопје денеска информираше дела отвори истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик. Според информациите на ОЈО, „лицето е осомничено дека на 03.11.2017 година со умисла го лишил од живот сега починатиот Мартин Јанушев. Имено, осомничениот, користејќи дозволено викенд отсуство, ја напуштил КПУ Затвор Скопје – Скопје, каде што издржувал казна затвор во траење од 20 месеци, дошол пред зградата во која живеел Јанушев, се сретнал со него и испукал повеќе проектили од огнено оружје кон жртвата, нанесувајќи му пет огнострелни повреди – прострелни рани. Од здобиените повреди, Јанушев починал“.

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на негово пронаоѓање и лишување од слобода.

Во текот на предистражната постапка, Обвинителството интезивно работеше на обезбедување материјални и вербални докази. Притоа, испитани беа над 40 сведоци и обезбедени беа голем број релевантни вештачења и анализи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top