Од Основното јавно обвинителство во Скопје информираа дека е поднесен обвинителен предлог против едно лице за закани кон новинар упатени преку социјалната мрежа Фејсбук. Според неофицијални информации се работи за актерот Тони Михајловски, за упатени закани до новинарот Бранко Тричковски.
Обвинетиот според обвинителниот предлог се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.
„Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот”, информираа од Обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.