| четврток, 6 декември 2018 |

Што ќе се случи ако му го откриете на партнерот точниот број на вашите поранешни љубовници?

Почетокот на секоја љубовна врска е обележан со запознавање, прашања, откритија… Но има едно прашање што предизвикува страв кај сите „тазе“ парови.

Кога на распоредот ќе се најде темата за поранешните љубовници, повеќето луѓе ја имаат истата дилема: дали да се излаже или да се каже вистината? Не постои вистински одговор, но еве што велат експертите…

Ако ја кажете вистината…
Ова прашање обично се јавува по таканаречената фаза на меден месец, односно по првите неколку недели од врската кога ќе се чувствувате многу поопуштено заедно. А токму разговорот за сексуалното минато ќе ја врати вашата врска во „незгодната“ фаза.

Ако сте одлучиле да бидете искрени и да го откриете точниот или приближниот број на ваши сексуални партнери, сигурно ќе ви биде многу непријатно ако бројот на вашиот партнер е дупло помал.

„Откривањето на точниот број на партнери со кои сте спиеле може да ја наруши вашата врска и да поттикне некои други прашања поврзани со имињата на поранешните сексуални партнери или со нивните вештини во кревет“, објаснува експертката за врски Сузи Паркус и додава дека одговорот би требало да зависи од тоа колку ви е (не)пријатно да разговарате за минатото.

„Ако најчесто сте отворени за такви разговори, тогаш искреноста може да и’ послужи на вашата врска. Тоа не мора да биде негативен разговор, дури и ако вашиот број е многу поголем од оној на партнерот. Сексот е забавен и возбудлив и не би требало да се срамите од вашето сексуално минато“, нагласува Паркус.

Никој не смее да ве осудува поради вашето сексуално минато, а ако партнерот ве гледа со други очи по признанието и ви создава проблеми поради тоа, тогаш најдобро е уште веднаш да ја прекинете таквата врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top