Денеска се навршуваат 11 години од смртта на најголемата музичка ѕвезда во Македонија Тоше Проески.
Пред точно 11 години ова беше најтешкиот ден за Македонија, а вистински шок за целиот Балкан и пошироко.
Тоше беше погребан со највисоки почести на градските гробишта во Крушево, а на погребот освен семејството, присуствуваа и претседателот, премиерот, претседателот на собранието, како и делегации од собранието и политичкиот кор во Македонија.
Со Тоше се простија и голем број на естрадни балкански ѕвезди кои со солзи во очите пред 11 години му оддадоа последна почит на својот колега и соработник.
-Се сеќавам на многу моменти поминати со него, ќе го запаметам како голем човек кој ќе остане секогаш во секој наш здив и ќе биде наша голема инспирација, изјави тогаш Јован Јованов.
Адријан Гаџа изјави дека целиот народ ќе го памети како хуман човек, како добар човек, а тој ќе го памети како негова најголема инспирација.
-Имаше во него се најдобро што музиката може да се замисли, изјави Глигор Копров пред 11 години.
Тијана Дапчевиќ изјави дека Тоше бил ангел кој отиде на небото.
-Се уште не можам да поверувам. Се уште мислам дека е лош сон од кој треба да се разбудам кај и да е, рече Тијана.
Актерката Весна Петрушевска рече дека тој не бил уметник, тој беше ремек дело.
-Уметниците многу сакаат аплауз. Ќе ве замолам за аплауз за Тоше.
Инаку посмртните останки на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески вечерта по сообраќајната несреќа со хеликоптер на АРМ беа пренесени од Хрватска во Македонија.
На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ковчегот го пречекаа членови на неговото семејство и владина делегација на чело со премиерот.
Веднаш потоа ковчегот со телото беше префрлен на лафет и со возило испратен во неговиот дом во Крушево, според желбата на неговото семејство.
На погребот инаку присуствуваа и балканската легенда Цеца, многу македонски пејачи, како Калиопи, Мартин Вучиќ, неговата девојка Андријана Будимир и многу други звучни имиња од областа на спортот, музиката и уметноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст