| четврток, 6 декември 2018 |

(видео) Путин „се сети“ за воена вежба на полноќ

h_50915293Рускиот претседател Владимир Путин минатиот викенд на полноќ крена на нозе 160 илјади војници, илјада тенкови, 130 војни авиони и хеликоптери, како и 70 брода. Неочеквано, почна една од најголемите воени вежби уште од советските времиња.

Според ТВ-каналот „Русија денеска“, министерот за одбрана Сергеј Шојгу во саботата во 1 по полноќ добил наредба да ја провери воената подготвеност на источната команда, во која се силите на Далечниот Исток и Трансбајкалскиот регион.

За кратко, наредбата за воена вежба ја добиле челниците од Источната команда, кои  поим немале за што станува збор, но, сепак, 160.000 војници биле ставени во состојба на најголема подготвеност и веднаш се упатиле на зададените позиции за вежбата, а некои биле оддалечени и повеќе од 3 илјади километри.

„Главна цел на овие активности е проверка на способноста на воените единици за извршување задачи, проверка на степенот на увежбаност и техничката оспособеност на војската“, се наведува, меѓу другото, во соопштението на руското Министерсто за одбрана.

Медиумите јавуваат дека таквите изненадни вежби станале релативно вообичаени од крајот на минатата година откако Сергеј Шојгу стана министер. Веќе се извршени во јужната, западната и средната воена област, но ниедна не била со олкав опсег како оваа на крајниот руски исток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top