| четврток, 6 декември 2018 |

Матијас Енар, француски автор со меѓународно реноме разговараше со студентите од Филолошкиот факултет (галерија)

Студенти, интелектуалци и љубители на книжевноста се собраа денес на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за да се сретнат со Матијас Енар, француски автор со меѓународно реноме и добитник на престижната книжевна награда „Гонкур“.


На едноставен начин, тој го раскажа неговиот богат животен пат, почнувајќи од мирното и среќно детство во малиот град Ниор, преку откривањето на „Илјада и една ноќ“ која му го доближува ориентализмот, сè до неговите омилени автори, како Жозеф Кесел и Блез Сендрарс.


Овој особено плоден автор, којшто се разликува по неговото поучно, романескно и поетско четиво, го надминува вообичаениот книжевен род и пишува за човечките судбини, за патувањата, за животот, за љубовта, секогаш испреплетувајќи ја силната врска и меѓусебното влијание помеѓу Западот и Истокот.

 

извор: Френцуски културен центар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top