Посетителите на Катлановска бања, за која на почетокот менаџерите најавуваа дека ќе биде спа-центар во кој ќе се чувствуваат како Алиса во земјата на чудата, се запрепастени од нехигиената во која се наоѓа објектот. Тврдат дека во водата летале парчиња облека, а на ѕидовите имало крв. Здравствениот инспекторат по вонредниот инспекциски надзор ја затвори пералната и наложи редовно да се прави проверка на бактериолошката исправност на водата
Наместо рекреација, одмор и уживање во топлите и лековите бањски води на Катлановска бања, граѓани што биле таму се запрепастиле од, како што тврдат, лошата состојба во која се наоѓа бањата и ниското ниво на хигиена. Изреволтирани се обратија до редакцијата „Вечер“, но и на социјалните мрежи. Тврдат дека парчиња од облека летале низ водата, а на ѕидовите имало и крв.
- Отидов да си го спастрам здравјето, но животот ми се згади од Катлановска бања. Во малите приватни базенчиња насекаде летаа парталчиња од облека и башка имаше крв на ѕидот. Овде под итно треба санитарна инспекција и бањава да се затвори. Башка, што не ми дадоа фискална дури ни на мое барање, објави Василка Димитровска на нејзиниот ФБ-профил на кој објави и фотографии.
Прочитајте ја целата сторија на „Вечер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст