| четврток, 6 декември 2018 |

Лашкоска: Кој го започнал процесот, тој треба да си ја сноси и одговорноста

Кој го започнал процесот, тој треба да си ја сноси и одговорноста, смета пратеничката Ане Лашкоска, која на седницата на Собранието на Република Македонија за уставни измени ја обвини власта дека процесот за потпишување на договорот го воделе сами без никакви консултации и вклученост на опозицијата и токму заради тоа не може сега сите да ја делат одговорноста.

  • Сите грчки медиуми прогласија победа во спорот после потпишување на договорот. Македонската страна ги сприфати сите грчки позиции кои што ги имаа нивните политичари. Процесот го водевте сами, а сега сакате сите да ја делиме одговорноста за ововј штетен договор -рече Лашкоска.

Лашкоска додаде дека со овој договор се укинува македонскиот национален идентитет, писмо, јазик, својата култура, традиција, симболи и доколку поминат овие измени оваа држава ќе биде друга држава без историја и без идентитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top