| четврток, 6 декември 2018 |

Реновиран одделот за пред стерилизација и хигиена во болницата за гинекологија и акушерство Мајка Тереза во Чаир

Тековната состојба на одделот за хигиена и стерилизација на Клиниката за Гинекологија која што е изградена 1965 година беше во многу лоша состојба. Функционалноста на опремата изгубена, хигиенскиот ланец прекинат и со овој недостаток се доведуваше до појавување на различни ризични ситуации за време на пораѓајот.

Со реновирање на одделот за стерилизација и хигиена како и обезбедување на машини за перење и сушење се елиминираат сите ризици кои ja нарушуваа и ја попречуваа работата на овој ланец.

Во склоп на овој проект со подршка на Турска агенција за соработка и координација – ТИКА, а во соработка со изведба на реномираната фирма “Медикал адванс” која е долги години на пазарот во Република Македонија, се направи целосно реновирање на просторот со рушење и пренаменување на некои простории заедно со против пожарен систем, ситем за вентилација, топликфикација како и доленаведената опрема со која ќе има капацитет за перење на 100 кг во еден час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top