Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски на денешната седница на Собранието на Република Македонија им порача на пратениците на СДСМ да не го ставаат во заблуда народот дека се менува привремената референца БЈРМ бидејќи вистината е дека се менува уставното име, Република Македонија.
-Доста ги манипулирате граѓаните дека се менува референцата БЈРМ, кажете дека се менува името Република Македонија во Република Северна Македонија. За да има светла иднина оваа држава треба да седнете и да сработите нешто. Доста го плашите народот дека е крај на светот ако не помине договорот, истакна Илиоски.
Тој додаде дека како пратеник и сите останати претеници немаат мандат да го менуваат уставното име на Република Македонија и дека денешната точка на дневен ред е против волјата на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст