| четврток, 6 декември 2018 |

Тарик Филиповиќ на 24 октомври гостува во МНТ

Хрватскиот актер и еден од најпопуларните во регионот Тарик Филиповиќ доаѓа во Македонија со својата извонредна монодрама „Ќиро“ напишана за легендарниот фудбалски селектор, Хрватот Ќиро Блажевиќ”. Филиповиќ ќе гостува во неколку града во Македонија. Турнејата низ Македонија ја почнува во Битола на 22 октомври во Народен театар Битола, два дена подоцна, на 24 октомври монодрамата ќе биде прикажана во Македононскиот народен татар во Скопје, на 26 октомври е во Дом на културата во Струмица, а следниот ден, на 27 октомври турнејата завршува со настапот на Филиповиќ во Штип (Дом на културата).

Претходно, на Фестивалот на монодрамата кој се одржа во Битола, во мај, Филиповиќ со „Ќиро“ доби награда од публиката.

Картите се веќе во продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top