| четврток, 6 декември 2018 |

Долга е листата на пратеници пријавени за збор, расправата долго ќе трае

67 пратеника се пријавиле за збор по предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија поднесен од Владата. Прашање е кога пратениците ќе се изјаснат дали ќе се менува Уставот.

Пленарната седница за уставните измени може да трае максимум десет дена по што потребно е двотретинско мнозинство за предлогот да помине.

Во случај пратениците да дадат поддршка за отворање на Уставот ќе започне постапка за уставни измени. Владата треба да ги подготви уставните измени и да ги достави до Собрание каде ќе расправа и собраниска комисија и пратениците на расправа, при што на крајот на третата фаза потребно е уште една двотретинска поддршка за заокружување на процесот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top