Работодавачите во Србија од јануари следната година ќе можат да даваат отказ на вработени кои отвораат лажни боледувања, предвидуваат најновите измени на Законот за работни односи.
Тие одредби се носат поради проценката дека во Србија од 280.000 боледувања годишно, лажни се дури 11 отсто. Тоа значи дека повеќе од 30.000 работници секоја година не доаѓаат на работа иако немаат никакви здравствени проблеми.
Законските промени ги предага Стопанската комора на Србија, а одредбите ќе бидат пред Собранието во почетокот на следната година.
Комората му предложи на Министерството за труд, законот да се дополни, така што работодавачот може да побара извештај од здравствените установи за да се утврди основаноста на боледувањата. Доколку се утврди дека се злоупотребени правата за боледување, работодавачот може на вработен да му даде отказ од работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст