| четврток, 6 декември 2018 |

Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија

Претседателот на албанска опозициска партија, Демократска партија, Љуљзим Баша, најави дека кога неговата партија ќе дојде на власт ќе распише референдум за враќање на смртната казна во земјата.

-Враќањето на смртната казна е прашање кое им припаѓа на албанските граѓани, но, јас лично сум подготвен да го поставам ова прашање на албанските граѓани преку референдум кога ДП ја презема одговорноста да владее со земјата- изјави Баша во селото Шели, околија Мат, откако беше да изрази сочувство на семејствата на тројцата вработени во локалната власт кои беа затрелани пред два дена од жител на селото, незадоволен што не го продолжиле асфалтирањето на патот до неговата куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top