Фондот за пензиско и инвалидско осигурување незаконски потрошил 30.000 евра во кафеани, утврдиле ревизорите во Државниот фонд за ревизија во извештајот за 2017 година. За овие злоупотреби како одговорно лице се смета в.д. директорот на Фондот Шаип Зењели.
-Исплатени се средства за репрезентација по фактури на кои не е наведена намената на фактурите за кои се направени угостителските услуги, бројот на корисници на репрезентација, оправданоста на настанатите трошоци, како и дали се однесуваат за вршење на дејноста на Фондот, а се одобруваат од неговото раководно лице – се вели во извештајот на ревизорите.
Приходите од придонесите во Фондот низ годините се зголемуваат, велат ревизорите. Фондот лани остварил приходи од над една милијарда евра, но дури 45 отсто или 487 милиони евра се трансфери од буџетската каса.
-Фондот, и покрај зголемување на приходите по основ на придонеси, има недостаток на средства за исплата на пензии и негово непречено функционирање, поради што предвидува покривањето на дефицитот да го изврши со средства преку трансфери од централниот буџет – посочуваат ревизорите.
Фондот не ги евидентирал добро ни градежните објекти и опремата што ги презел од компании кои отишле во стечај и каде што тој е доверител заради неплатени придонеси, што е спротивно на Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст