Ставот за уставните измени останува ист, вели Тони Михајловски во изјава за „ТВ24“ веднаш по завршувањето на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
- За уставните измени има став, пратеничката група е целосно на една страна. За сега нема пазарања, притисоците остануваат. Разговараме за предвремените избори, за можни понатамошни проекции. Немаше ништо спектакуларно како што очекуваше јавноста – рече Михајловски.
На седницата најмногу станало збор за евентуалните предвремени избори при што дел од дискутантите зборувале за програмата што партијата ќе ја понуди. Многу помал дел од ИК зборувале за гласањето в понеделник кога ќе се гласа за потребата од промена на Уставот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


