| четврток, 6 декември 2018 |

Името Македонија во Уставот треба да се смени 288 пати

Една од предвидените уставни измени со предлогот на Владата, кој пред пратениците ќе биде во понеделник е да се додаде придавката Северна пред името на државата, Македонија, што е една од главните точки на договорот за името со Грција. Инаку името Македонија во македонскиот устав се спомнува 288 пати.

Што превидува предлогот на Владата

„Целта на овие измени на Уставот е имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО. Притоа, покрај општи услови и рокови за стапување во сила на амандманите кои ќе бидат врзани со влегување во сила на Договорот и ратификација на протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО во Парламентот на Република Грција, односно престанок на важење на амандманите во случај на невлегување во сила на овие два документи, за начинот на примена на овој конкретен амандман ќе има и посебни рокови. Имено во согласност со договорот ќе биде утврден преоден период за примена на одредбата во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од органите на власт на Република Македонија“, пишува во предлогот на Владата.

Прочитајте ја целата анализа на „Е магазин“ тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top