Германскиот синџир супермаркети Лидл, кој вчера отвори 16 продавници во Србија, од кои 5 во Белград, не ја започна славно српската приказна. Слично како кога беше отворен „Карфур“ во Македонија, па луѓе се тепаа за тоалетна хартија и грав, во Србија тепачка предизвикало пилешко месо од 120 динари (околу 60 денари) за килограм, на кое рокот на траење му истекува на 14 октомври, т.е. задутре. Сепак, утрово се покажало дека оние кои најревносно трпале пилешко во количките, не го правеле тоа за да го прехранат семејството поволно, туку за да го препродаваат месото на импровизирани пазари во крајно нехигиенски услови.
Револтирани граѓани се јавувале во редакцијата на Курир за да посведочат дека среќавале пилешко месо од Лидл на различни импровизирани пазари и тезги низ градовите каде што беа отворени продавниците.
-Имаше голема гужва на отворањето, луѓе се тепаа за пилиња, а други коментираа со гадење дека госпоѓа купила 30 пилиња. Баш се зачудив што ќе прави со толку месо. Утрово ја видов истата таа жена на пазар како ги препордава пилињата од Лидл. Ем луѓето на кои навистина им треба евтина храна останаа ускратени ем загрозено е здравјето на оние кои ќе купат пилешко од женава која го родава на тезга на сонце наместо во фрижидер, вели Бојана Л. од Ниш.
Претседателот на Националната организација на потрошувачи вели дека знаеле уште веднаш дека луето што се тепаат за евтина храна не се луѓе на кои им е потребна, туку луѓе кои имаат колонијали или тезги.
-Препродавачи, главно од јужна Србија, органзиирано доаѓаа, па дури и им плаќале на други луѓе да земат и за нив одредена количина пилешко и други намирници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст