„Владата треба да поддржи мерки со цел да го помогне зачленувањето на Македонија во НАТО, со или без решение на спорот со името”, се вели во извештајот на Горниот дом на британскиот парламент.
Извештајот кој носи наслов „Обединетото Кралство и иднината на Западниот Балкан“ е поднесен од канцеалријата за надворешни работи на Горниот Дом. Предаден е во декември 2017 година, а објавен на 10 Јануари 2018 година. Во него е јасно наведено дека Македонија треба да добие покана за приклучување во НАТО, поради мирот и стабилноста на регионот. Нејзиниот прием треба да се случи без разлика дали е проблемот со името решен или не.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, за време на неговата посета во Скопје, стави до знаење дека Македонија нема да му се придружи на НАТО без договор меѓу Атина и Скопје. Но како и да е, Велика Британија, како голем и моќен член на НАТО и една петте постојани членки на Советот за Безбедност во ООН, би можела да ја покани Македонија да стане членка на алијансата, со или без решение на спорот со името.
Ова се делови од извештајот на Горниот Дом на Британскиот Парламент:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст