| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува насилството во Белфаст

belfast

Стотици демонстранти трета ноќ по ред излегоа на улиците на Белфаст и се судрија со полицијата, и покрај повиците за разумност од страна на премиерот на Северна Ирска, Питер Робинсон. Во насилствата е повреден еден полицаец.

Демонстрантите фрлале молотови коктели и различни предмети врз полицијата, која одговори со гумени куршуми.
– Многу е важно да запре насилството. Треба да се зачува ладнокрвноста во овие услови и се надевам дека луѓето ќе ги слушнат повиците да се воздржат од насилство. Единствениот дозволен начин е мирно и законски да се протестира – изјави премиерот Робинсон. Насилството почна во петокот вечерта кога полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите да влезат во квартот населен со Католици и да не дозволат судири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top