| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски автобус во тежок судир во Австрија, деветмина повредени (ФОТО)

Деветмина патници се повредени, oд кои три потешко во судирот меѓу автобус и товарен камион утринава околу 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. Како што пренесува „Сакам да кажам“, се работи за македонски автобус.

Според австриските медиуми, во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со трупци, а возачот останал заробен внатре. Во автобусот имало 18 патници. Десетмина, меѓу кои и 4 деца се неповредени. Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот.

Повредените се згрижени во болница, а поради несреќата утринава беше затворен и автопатот кон Линц.

Во македонското Министерство за надворешни работи сè уште немаат податоци за сообраќајката, но велат дека ќе проверат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top